10 кратки вицови за долго смеење

Жена ми ми рече дека имам два проблеми:
1. Никогаш не ја слушам што ми зборува.
2. И уште нешто таму…

– – – – – –

Доверувај му се само на сопствениот з*дник! Само тој стои секогаш зад тебе!

– – – – – –

Во Македонија жолтиот семафор и 2 секунди од црвениот се бројат за зелено!

– – – – – –

– Пеце, остаре а уште не си се оженил, зошто бе?
– Искрено?
– Да бе брат, кажи?
– Е па постојано мислам на твојата жена.
– А бе ти нормален ли си бе, идиот!
– Не бе, си мислам, што ако и мене ми се падне некоја таква…

– – – – – –

– Докторе, помогнете ми да ослабам, сите диети ги испробав!
– Краставици, лук, пиперки и домати.
– Да ги варам или да ги печам?
– Да ги копаш!

– – – – – –

Мажот се враќа доцна од работа, поднапиен, а жената го чака на вратата со метлата.
Тој:
– Ќе метеш ли или ќе леташ некаде?

– – – – – –

Мене само уште комета не ме удрила, инаку животот си тече идеално.

– – – – – –

Жени, ако маж ви гледа долго време во очите… значи одамна ви ги разгледал останатите делови од телото!

– – – – – –

Овој виц им е посветен на оние луѓе, кои стигнуваат до вратата на супермаркетот и потоа се враќаат дома, затоа што си ја заборавиле маската.

– – – – – –

Докторот му вели на пациентот:
– Имаш дијабетис, крај на слаткото!
– А с*кс може ли, докторе?
– Само со жена ти!
– Зошто?
– Другото и тоа е слатко!