10 кратки вицови за долго смеење

Љубов, кашлица и простотија, не можат да се скријат.

– – – – – –

Дополнување на законите на Марфи:
„Тој којшто ‘рчи, секогаш заспива прв!

– – – – – –

Што пишувало на самурајските мечови?
„Вади ме само со причина и прибирај ме со чест“
Истото треба да го пишува и на машките гаќи.

– – – – – –

Мажот и жената смислуваат нов пасворд на вифито. Мажот пишува:
„мојк*р“
Жената наеднаш почнува да се гази од смеа, затоа што излегува натпис:
„Не е доволно долг!“

– – – – – –

Трошете ги парите додека сте живи. Нема смисол да сте најбогатиот човек на гробиштата.

– – – – – –

Бил Гејтс и ѕвони на мајка си:
– Мамо, жена ми ме напушти.
Мајка му:
– Е така ти е Били, кога седиш само пред компјутерот…

– – – – – –

– Практикувате ли екстремни спортови?
– Пааа… да. Понекогаш се расправам со жена ми…

– – – – – –

– Со жената решивме да ги зацврстиме малку нашите односи.
– Што направивте?
– За почеток се блокиравме на Фејсбук…

– – – – – –

Не се секираш што старееш. Пак ќе правиш глупости, само побавно!

– – – – – –

– Попе! Жена ми отиде на службен пат и згрешив со комшивката.
– Колку пати?
– Попе, јас дојдов да се исповедам, а не да се фалам.