10 кратки вицови за долго смеење

Бил Гејтс не може 30 години да не убеди да купиме легален Windows, а камо ли да ни продаде вакцина.

– – – – – –

Се враќа Македонец од Германија и им расправа на другарите што е исто а што различно:
– Тоа што тие го викаат Октоберфест, ние го викаме „Добар викенд“.

– – – – – –

Мажот се враќа дома доцна вечерта и ѝ вели на жената:
– Жено, сакаш ли да ти кажам една скандалозна вест?
– Да.
– Ја испив платата…
И скандалот започна.

– – – – – –

Жените се како брз кредит: одлични услови, добра реклама, од документи – само лична карта, а потоа цел живот плаќаш!

– – – – – –

Тој:
– Изгледаш супер! Кој е тајната – – спорт, здрава храна?
Таа:
– Не, ти ставам ракија во пивото…

– – – – – –

Брачен пар на плажа:
– Стави си ја бурмата!
– Луда ли си ма, на овој пекол?

– – – – – –

– Цуци, оваа јакничка од што ти е?
– Од полиестер.
– Изроди! Кој знае колку полиестери убиле за тоа!

– – – – – –

Продавачката во еден супермаркет ѝ вели на редовната муштерика:
-Честито нова маска!
-Не е нова, испрана е Первол…

– – – – – –

Најчесто поставуваното прашање од детството:
– Ти разбираш ли македонски бе дете!?

– – – – – –

Штом до сега од Вселената никој не се поврзал со нас… значи ТАМУ постои интелигенција…