10 кратки вицови за долго смеење

Веќе е невозможно да се вљубиш на прв поглед. Сите си гледаат во телефоните.

– – – – – – –

– Вчера штеав во тргоцвски центар…
– Шопинг?
– Зјапинг…

– – – – – – –

Едно истражување вели дека секој трет човек има психички проблеми. Погледнете двајца околу себе, ако со нив е се во ред, тогаш…

– – – – – – –

Жестока семејна кавга во зграда. Мажот нервозно:
– Ми дојде преку глава, ако и оваа вечер немаме с*кс, си го сечам и го фрлам долу на мачките.
Комшивката од подолниот спрат:
– Мјауууу!

– – – – – – –

Значи најужасните зборови во македонскиот јазик завршуваат на „-лник“. Началник, будилник, понеделник…

– – – – – – –

Двајца другари пливаат во реката. Едниот вели:
– А! Ми влезе риба во з*дникот!
Другиот одговара:
– Не е риба. Пливај, пливај…

– – – – – – –

Жената по природа е добра! Може да му прости на мажот, дури и тој да не е виновен.

– – – – – – –

Ако прашате една жена “Какво кафе пиеш?”, а таа ви одговори “Сеедно ми е”, значи не дошла за кафето.

– – – – – – –

Подобро последна дупка на кавалот, отколку последниот кавал на дупката!

– – – – – – –

– Ало мажу, имам еден проблем, па да те прашам, се плашиш ли ти од пајаци…
– Не душо, а каде виде пајак?
– Еве баш сега го гледам, ми ја крева колата.