10 кратки вицови за долго смеење
Сестрата го прашува докторот:
– Докторе, овој да не е наркоман?! Три пати во една недела е на ургентно?!
– Ааа, нее… младоженец е! Жена му се учи да готви.
– – – – – – –
– Што правиш за стомак и за*ник?
– Палачинки со Нутела.
– – – – – – –
Кога ќе погледнеш трезвено на она што се случува во Македонија, сфаќаш дека треба да се напиеш…
– – – – – – –
– Докторе, мислам дека маж ми има склероза…
– Како дознавте?
– 5-10 минути откако ќе излезе од дома, заборава дека е женет.
– – – – – – –
– Јас го запишав мојот син на бокс!
– А јас мојот, на карате!
– А јас мојот сам си го тепам!
– – – – – – –
Толку многу работа имам што трет ден се чудам од каде да почнам.
– – – – – – –
Многу луѓе одат на фитнес затоа што се дебели, но никому не му текнува да отиде во библиотека затоа што е прост!
– – – – – – –
– Аце, зошто вработуваш само женети мажи?
– Затоа што се навикнати на навреди и после работа не брзаат да се вратат дома.
– – – – – – –
Жената сфаќа дека остарела, кога на Европско наместо во фудбалерите, гледа во тренерите.
– – – – – – –
Љубов, кашлица и простотија, не можат да се скријат.