10 кратки вицови за долго смеење

Јас сум роден од мешан брак! Татко ми беше маж, а мајка ми жена!

– – – – – – –

Сè е релативно: 40 степени… За едни е пеколна горештина, за други – слаба ракија.

– – – – – – –

Сношти, додека сите спијат, решив да отидам до фрижидерот. Излезе дека сум трет на редот за чекање!

– – – – – – –

Треба да знаеш да кажеш “не”!
На пример:
– Сакаш ли едно парче торта?
– Не, сакам 2 парчиња.

– – – – – – –

Сакате докторите да престанат да прават грешки? Престанете да им подарувате алкохол!

– – – – – – –

Ех колку сакам секое сабајле да почнам да трчам, ама немам ни фитнес алка, ни смарт часовник!

– – – – – – –

60% од Македонците не веруваат дека љубовта постои. Останатите сметаат дека веќе ја прележале и имаат антитела!

– – – – – – –

Според древните Маи, ако видите ѕвезда што паѓа поголема од Месечината, нема смисла да си посакувате ништо.

– – – – – – –

– Ало, мила, ми се лутиш ли уште?
– Не! Ми помина веќе…
– Уф, добро е. За малку ќе купев еден букет цвеќе!

– – – – – – –

СМС до пријателка:
„Го гледам твојот во трговскиот со една кокошка со огромен задник. Ќе ти пишам што прават.“
„Јас сум со него ма кучко!!!“