10 кратки вицови за долго смеење

Зетот ја прашува бабата:
– Бабо, ти знаеш ли да играш шах?
– Абе зете, јас да знаев да играм шах ќе дадев ли кралица за коњ?

– – – – – – –

Мажот ми ми кажа дека ме напушта! Си нашол друга жена на социјалните мрежи. Го натерав да ми каже се за неа, колку била комуникативна, духовита, позитивна, пријатна за разговор, го разбирала итн. Пред да му откријам дека тоа сум пак јас со лажен профил!

– – – – – – –

Работата од мајмунот прави човек. Одморот ги враќа работите на место!

– – – – – – –

Си купив фитнес часовник што мери чекори, ама нешто не мери како што треба. Од дома до кафаната изброи 542 чекори, а од кафаната до дома 1153.

– – – – – – –

Порано, кога на некој ќе те засакаше, доаѓаше и те гушкаше. Сега, ти праќа куче кое што прди срциња…

– – – – – – –

– Миличок, сакам да ти кажам нешто!
– Добро, но кратко, јасно и прецизно!
– 100 евра!

– – – – – – –

Безбеден с*кс е кога таа не ти ги знае ни името ни адресата.

– – – – – – –

Според најновите научни истражувања, од реброто на Адам, Господ ја создал балдзката, а жената ја создал од реброто на Сатаната.

– – – – – – –

– Докторе, имам низок крвен притисок. Што ќе ми препорачате?
– Брак.

– – – – – – –

Некој пишува на интернет:
– Знаете ли дека ако прднете во вселената ќе се придвижите напред?!
И ппрвиот коментар:
– Исто е и во градски автобус!