10 кратки вицови за долго смеење

Никогаш не се зафркавајте со глупав човек во Македонија! Некој ден може да стане министер.

– – – – – – –

Македонските политичари не треба да вадат извод од матичната книга на родени, туку писмено извинување од Durex!

– – – – – – –

Две плавуши си прават муабет:
– Муци, зошто го остави ма, нели рече дека имало нешто во него?!?
– Имаше, ама го потрошивме!

– – – – – – –

Конечно ја открив идеалната диета за мене! Си јадам се најнормално како и до сега, ама се сликам само со подебели од мене.

– – – – – – –

Ало мажу, ти испраќам слика од ќерка ни – баш неа да ја однесеш дома од градинка, а не учителката како вчера.
П.С. Барам развод!

– – – – – – –

– Тебе за што те осудија?
– Заради убежување.
– ???
– Бев убеден, дека обезбедувањето на банката заспало.

– – – – – – –

– Добра вечер келнер. Сакам 18 ракии.
– А зошто баш 18?
– Па надвор пишува „Под 18 не служиме“

– – – – – – –

– Зошто Куба нема репрезентација за пливање?
– Затоа што тој што знае да плива, веќе е во САД.

– – – – – – –

Промоција: Денес синџирот на ресторани за брза храна MCDONALD’S ја празнува едногодишната смена на маслото во фритезите! Повелете!

– – – – – – –

Жена ми научи да готви. Сега јас учам да го јадам тоа што таа ќе го зготви.