10 кратки вицови за долго смеење

Со нетрпение чекам да почне предизборната кампања. Сакам да слушам колку убав ќе ми стане животот.

– – – – – – –

– Ауу, страшен си во кревет! Виагра да не си пиел?
– Јас сум Македонец ма, ракија пијам!

– – – – – – –

Во македонска болница се поставуваат само две дијагнози:
1. Ништо не ти е.
2. Што си чекал до сега?!

– – – – – – –

Српскиот парламент се вика „Скупштина“. Нашиот треба да се вика „Збирштина“.

– – – – – – –

Жени, разберете, дека единственото правило при кубење на веѓи е да знаете кога да запрете!

– – – – – – –

Мажот го фатил љубовникот на жена си и почнал да го тепа жестоко!
Жена му очајно го моли:
– Престани, ќе го убиеш таткото на твоите деца!

– – – – – – –

Каков да е с*ксот и колку да биде, определува жената. А мажот решава колко такви жени да има!

– – – – – – –

– Колку години сте?
– 30!
– Ама, пред 10 години, кога си направивте Фејсбук профил, сте напишале дека сте 30…
– Јас не сум од луѓето, кои си го погазуваат кажаното!

– – – – – – –

Времето тече со различна брзина, во зависност од која страна на вратата на тоалетот се наоѓате.

– – – – – – –

Манекенките јаделе по 3 лажици ориз на оброк. Јас по толку јадам само за да пробам дали е сварен.