10 кратки вицови за долго смеење
Дај им Боже 6000 денари пензија на сите пратеници и дари ги Боже со многу долг живот! Амин!
– – – – – – –
Да аплаудираш на наш политичар, затоа што изградил пат, училиште или мост – е исто како да аплаудираш на банкомат затоа што ти дал 30% од твоите пари, а 70% ти ги украл!
– – – – – – –
Жени под 200 тегли ајвар да не ми пишуваат!
– – – – – – –
– Што е тоа што мажот го има, ама на комшијата е два пати поголемо?
– Не знам! – се вцрвува таа.
– Меракот мила, ти што си помисли?
– – – – – – –
Сношти таман да заспијам и кога се замислив…
„Нудистите како си ги чистат очилата за сонце?“
– – – – – – –
На шалтер во заводот за вработување во едно помало македонско гратче:
– Се вратив од Германија за да работам во Татковината. Со кого треба да разговарам?
– Со психијатар!
– – – – – – –
Да доживееш до пензија е сон! Да живееш со пензијата е уметност!
– – – – – – –
Паметната жена знае, дека најкорисното нешто во домот е виновниот маж.
– – – – – – –
Во аптека:
– Може ли една кутија дијазепам, зошто на мажот ми му се слоши?
– Која е причината?
– Чизми од 100 евра.
– – – – – – –
Дами, каснете си, летото е дури догодина!