10 кратки вицови за долго смеење

Основен принцип на македонската економија:
– Без работници може, без шефови, не може!

– – – – – –

Ограничен интелект со неограничен Интернет е гадна комбинација.

– – – – – –

Јас само да прашам… може ли мажена жена да остане без батерија на телефонот во 23 часот, сабота вечер, кај една пријателка?!

– – – – – –

Фразата „Јас сум синот на пратеникот“ не ја уплаши многу, многу мечката.

– – – – – –

Според статистиката човек оди пеш во просек по 1500 км. годишно и испива по 90 л. алкохол. Објективно гледано, троши 6 на 100.

– – – – – –

Ако еднаш ви набиле рог, ќе го направат тоа повторно… Еднорози постојат само во митологијата…

– – – – – –

Ако 25 годишна убава девојка ти каже дека била само со двајца пред тебе, да знаеш дека мириса на „вратена километража“.

– – – – – –

Стојам во продавница и додека чекам ред за да ме услужат, си мислам:
– Како добро би ми дошол еден сладолед на овој пекол…
И кога ми дојде редот:
– Дајте ми 10 пива!

– – – – – –

Моите пријатели се вработија како полицајци, па потоа ги преименуваа во Алфи, сега пак во Интервентна полиција. Мислам дека ќе се пензионираат како мускетари.

– – – – – –

Македонци во Африка:
– Лука мама, не го влечи лавот за опашката, може да има болви…