10 кратки вицови за долго смеење

Најмоќниот комплимент на прва средба со жена е:
– ИСТА СИ КАКО НА ИНСТАГРАМ.

– – – – – – –

Досадно ти е? Осамен си? Лошо е? Тогаш ожени се, за да сфатиш колку ти било добро!

– – – – – – –

Таа беше силна и независна жена. Се постигаше сама. Оргазмот не беше исклучок!

– – – – – – –

– Баничките ви се ужасни!
– Девојко, јас правев банички уште пред да се родиш.
– И дури сега ги продавате?!

– – – – – – –

Имам два шифоњери полни со алишта, а тој гола слика ми бара!

– – – – – – –

Јас јадам, жената готви. Јас фрлам, таа средува. Јас газам, таа чисти. Се чудам што ќе правеше таа без мене?

– – – – – – –

Огромна редица. Глас од крајот:
– Извинете, може ли да поминам напред, само да прашам нешто?
– Што ќе прашаш бе мејмун, тоа е банкомат?!

– – – – – – –

Две баби си прават муабет на клупата:
– Внукот ти дошол на гости а?
– Да, кај нас е.
– И како е, му помага ли на дедо?
– Да, да, ептен. Вчера му помогнал да ја испијат пензијата.

– – – – – – –

– Што е тоа глобализација?
– Тоа е, кога богати Кинези патуваат до Италија, за да си купат брендирани алишта, произведени ви Кина.

– – – – – – –

Досадно ми е… Се мислам… Да фатам да фрлам едни гаќи на терасата на комшиите…