10 кратки вицови за долго смеење

Пред мојата зграда е исто како на „Фејсбук“ – се враќаш, а пензионерите пред влезот веднаш ти лепат статус, следуваат коментари, евентуално некој лајкува.

– – – – – – –

Докторот:
– Пушите ли?
– Само после с*кс.
– Белите дробови ви се како на бебнце.

– – – – – – –

Постојат два типа на жени:
1. Не знаат што сакаат.
2. Не знам што сакаат.

– – – – – – –

– Здраво, дојдов по раката на ќерка ви.
– Ти по колку заработуваш месечно? Ќе имате ли од што да живеете?
– По 400 евра.
– Па јас само џепарлак ѝ давам на ќерка ми по 200 евра месечно.
– Знам, пресметани се и тие во сумата.

– – – – – – –

Ама, зошто упорно ми велите да плаќам за психијатар, кога можам сам да си го замислам и бесплатно да разговарам со него?

– – – – – – –

На интервју за работа:
– Ние најмногу ја цениме искреноста, затоа кажете ни кои се вашите слаби страни?
– Ме мрзи.
– И само тоа ли?
– Ме мрзи да набројувам!

– – – – – – –

Се гледам во огледалото и гледам уште сум бил млад и убав, како пред многу години… Утре пак ќе си купам од истата ракија…

– – – – – – –

– Само замисли си, Македонија 2050 година, нема корупција…
– И корупцијата ли ќе успеат да ја расипат?!

– – – – – – –

– Добар ден, имате ли батерии?
– Се потрошија.
– Тогаш дајте ми една краставица.

– – – – – – –

Тајната на вкусната вечера е… да не си ручал.