10 кратки вицови за долго смеење
Нов степен на депресија:
– Тажен како баба на веган.
– – – – – – –
Денес му напишав на Дедо Мраз што сакам да ми донесе за Нова Година и тој ме блокира.
– – – – – – –
– Ми вели дека по формата на градите ќе ми го определел карактерот.
– И ти му ги покажа ли?
– Скратив еден чекор, директно му го покажав карактерот!
– – – – – – –
Македонски судски спор:
– За што те судеа?
– За мито!
– А како те ослободија?
– Со мито!
– – – – – – –
– Саше, колку даваш за жена ми?
– Ништо.
– Договорено!
– – – – – – –
МК бизнис:
– Ние мејлот го проверуваме во петок. Ако ви е итно, испратете ни порака на пејџерот.
– – – – – – –
– Јас спијам со маж ми три пати неделно.
– Јас само еднаш.
– Ама ти нели немаш маж?
– Нали правиме муабет за твојот?
– – – – – – –
Пост:
„Совршената жена знае кога да замолчи!“
Коментар на маж:
„Знае, но не може.“
– – – – – – –
Жените по 40 се како мафијата… Многу гревови, а ниту еден сведок.
– – – – – – –
– Кире, ако преспијам со жена ти, што ќе сме јас и ти?
– Квит, Пеце, квит!