10 кратки вицови за долго смеење

– Докторе, какви правила за слабеење да почитувам?
– Треба да стануваш порано.
– Од спиење ли?
– Не! Од масата!

– – – – – – –

Имате сложен проблем, кој Ви тежи над глава? Разделете го на повеќе мали пробелми, кои полесно може да ги игнорирате!

– – – – – – –

Денес од ЕУ ни соопштија дека нема да добиеме датум за преговори затоа што не сме задовлувале еден основен услов. Македонските мажи биле многу заостанати, сè уште спиеле со жени.

– – – – – – –

– Што е тоа дипломат?
– Маж, кој ќе успее да ја убеди жена си, дека скапото кожно палто ја прави дебела!

– – – – – – –

Најсмешно ми е кога жена ќе му рече на маж:
– Не знам како да ти се заблагодарам…

– – – – – – –

Во автосервис:
– И до сега не сте го слушнале ова тропање во моторот?
– Па, денес прв пат патував без жена ми!

– – – – – – –

Поминаа 3 месеци откако си ја онлајн си ја купив книгата „Како да измамите некого на интернет при онлајн продажба?“ Уште не ми е стигната.

– – – – – – –

ЛЕБЕД е многу убав збор, додека не го прочиташ обратно.

– – – – – – –

– Тато, тато, што е тоа пифтија?
– Како “Харибо,” ама солено.

– – – – – – –

– Пеце бе, комшии сме со тебе цел живот… мислиш ли дека ти крадам wifi?!?
– Неее!
– Е па зошто тогаш постојано си го менуваш пасвордот?!