10 кратки вицови за долго смеење

Вонредни вести: Граничарите на граничниот премин Табановце заплениле пратка со масло за јадење, скриена во пакети со кокаин.

– – – – – – –

Јапонец дојде на екскурзија во Македонија и си ја виде својата „Тојота“, која што пред 20 години ја продаде на отпад како старо железо!

– – – – – – –

Во Пеколот:
-Зошто веќе 300 години ме пржите во еден ист зејтин?
-Ти ли не знаеш, баш ти ли, сопственику на сендвичара!?!

– – – – – – –

– Имате ли телевизори во боја?
– Се разбира!
– Дајте ми един зелен!

– – – – – – –

– Денес се скаравме со мојата!
– Зошто?
– Заради летниот одмор. Јас сакам на море!
– А таа?
– Таа сака да дојде со мене!

– – – – – – –

Секоја жена сака да има маж, кој ќе ја гледа како последното пиво во фрижидерот, а не како леќа на Велигден.

– – – – – – –

– Тато, тато, ако мама и баба отидат во планината и ги нападне мечка, ти која ќе ја спасиш прво?
– Се разбира дека мечката сине, тие се загрозен вид.

– – – – – – –

Полицаецот:
– Возачката ви е со поминат рок!
– Е добро де, нема да ја јадам!

– – – – – – –

– Благодарам, докторе!
– Ааа, “благодарам” е многу, 50 евра се доволно!

– – – – – – –

Видоа дека идат Украинките и почнаа да одговараат на “zdr sp”.