10 кратки вицови за долго смеење
– Драги, колку ни е убаво, сами двајцата, овде во џакузито!
– Не е џакузи.
– Ама излегуваат меурчиња…
– Не е џакузи кога ти велам!!!
– – – – – – –
„Црвенкапа“ очигледно не е македонска приказна. Кај нас со зелник се оди ОД баба, не КОН баба!
– – – – – – –
Мама ми рече дека штом се тетовирам, веднаш да се иселам од дома. Тато се тетовираше прв…
– – – – – – –
Убаво е да си будист! Некои нешта можеш да ги одлагаш за следниот живот!
– – – – – – –
– Експертите велат дека живееме подобро.
– Но луѓето мислат дека не живееме подобро.
– Да, но луѓето не се експерти.
– – – – – – –
По една недела помината во Македонија, украинските бегалци побараа хуманитарен коридор до Мариупол.
– – – – – – –
Натпис во болница:
„Ако сте без платени придонеси – Господ здравје да ви дава!“
– – – – – – –
Што е патентот на машките панталони?
Увертира кон Волшебната флејта.
– – – – – – –
Од што се плаши младиот сопруг?
– Да не го изневерат!
А младата сопруга?
– Да не ја фатат!
– – – – – – –
Денес беше чуден ден. Прво најдов шешир полн со пари, а потоа ме бркаше еден со хармоника.