10 кратки вицови за долго смеење
– Кој ден е денес?
– Понеделник.
– Лелеее… Значи крај нема оваа недела!
– – – – – – –
Пауза. Работниците излегуваат да земат малку одмор надвор од погонот на фабриката. Во тоа време запира луксузен Мерцедес и излегува шефот.
– Еј шефе, многу добра кола! – вели еден од работниците.
– Нали, супер е! – се радува шефот – Ако работите напорно и упорно, без да забушавате, ви ветувам дека догофина ќе си купам уште поубава!
– – – – – – –
– Брат, сношти кога се вратив доцна, жена ми само молчеше и гледаше во часовникот.
– Еј тоа не е ништо. Мојата гледаше во календарот.
– – – – – – –
Месинџерите на тинејџерите на Велигден:
„XВ“
„BB“
– – – – – – –
– Доста седиш пред тој телевизор бе! Еден збор не сакаш да прозбориш со мене! Што има тој, а немам јас?!
– Mute…
– – – – – – –
Жени, сакајте го детето на свекрвата. Вашето ќе порасне и ќе одлета, а тоа ќе си остане да лежи на каучот по цел ден.
– – – – – – –
– Тато, тато, зошто Земјата се врти?
– Како така се врти, бе?! Да не си ми ја испил ракијата?
– – – – – – –
Ако една жена има код на телефонот, го држи во безвучен режим и со екранот надолу, со сигурност можете да кажете дека си го крие рецептот за козињак од баба си.
– – – – – – –
Во домот на починат Нигериец се пронајдени 28 милијарди долари. Човекот се обидувал да ги подели на сиромашните луѓе цели 20 години, но никој не му одговорил на електронската пошта!
– – – – – – –
Пиштол се носи за „Не дај Боже“, а презерватив за „Дај Боже“!