10 кратки вицови за долго смеење

„80 грама пилешко на ден“ – ми вели нутриционистот.
Јас толку јадам само за да видам дали е печено.

– – – – – –

Си читам хороскоп и сѐ ми погоди:
„Сте започнале тајна љубовна врска.“
Толку е тајна што и јас не знам за неа…

– – – – – –

– Што е диета?
– Да умираш од глад, со цел да живееш подолго.

– – – – – –

Гледам 8-годишните веќе имаат Iphone… Galaxy… Јас на 8 имав само вошки.

– – – – – –

Љубовта не ја барај, таа ќе те најде… – ми рече Маца, 73 годишна мома со 5 мачки.

– – – – – –

– Душо, сакаш ли да одиме на кино?
– Зошто на кино? Што им фали на Малдивите?

– – – – – –

Жената е како бебе! Постојано треба да ја надгледуваш да не лапне нешто големо.

– – – – – –

Мажите си немаат поим каква болка е, кога си решила повеќе да не му одговараш на пораките, а тој тиквар не пишува…

– – – – – –

Му испратив на нутриционистот што јадам.
Ми пресмета дека сум умрел пред 10 години.

– – – – – –

Дете гледа стара семејна фотографија на баба си и дедо си и прашува:
– Дедо, зошто на сликата ти седиш, а баба стои? Тоа не е кавалерски!
– Затоа што, внуче, таа слика е правена после првата брачна ноќ… Следниот ден јас не можев на нозе да стојам, а баба ти не можеше да седне…