10 кратки вицови за долго смеење

Македонецот е единствениот цицач на планетата, кој си ги одгледува младенчињата 40+ години.

– – – – – –

Ја облекуваш прв пат есенската јакна, буричкаш во џебот.
Очекување: Заборавена 500-ка од минатата есен.
Реалност: Искористени хартиени марамици за нос.

– – – – – –

Утрото е попаметно од вечерта, но кога си глуп, не е битно кое време од денот е.

– – – – – –

Баба ми велеше:
– Мажите знаат сѐ… додека не ги прашаш: „Која е таа?!“

– – – – – –

– Знаеш ли дека Тоше е во болница!
– Не е можно! Сношти го видов грабнал една плавуша.
– И жена му го видела.

– – – – – –

Ми се 3,14e!

– – – – – –

– Докторке, нешто ме боли десната нога…
– Бабо, тоа е од годините.
– Да ти кажам нешто чедо. И левата нога ми има исто толку години, ама не ме боли.

– – – – – –

Влегува новата стјуардеса во пилотската кабина.
– Колешке, како е од позади? – прашуваат пилотите.
– А бе, прво боли, ама после се навикнуваш.

– – – – – –

– Навистина ли се разведовте со мажот ти?
– Да! Ми направи ужасен скандал, дека сум го изневерила со некој од колегите од работа!
– Со кој некој?
– Па не знам, не можев да разберам за кој знае…

– – – – – –

– Зошто ви се искршени сите чинии?
– Се скаравме.
– А зошто ви е скршен и креветот?
– Се смиривме.

<style>p{-webkit-user-select: none; -khtml-user-select: none; -moz-user-select: none; -o-user-select: none; user-select: none;}</style>