10 кратки вицови за долго смеење

Другари, короната и не е толку лоша ако знаеш како сам да си направиш ПСР тест – Предјадење, Салата и Ракија…

– – – – – –

Добриот лекар виски не купува!

– – – – – –

Шеф на производство. Тоа е човек кој мисли дека девет жени можат да износат бебе за еден месец!

– – – – – –

Само Македонец може, на жена без профилна слика да ѝ напише: “zdr lepotice”

– – – – – –

Фатив златна рипка и таа рече дека ќе ми исполни три желби ако ја пуштам.
Внимателно ме ислуша и рече:
– Пржи ме копиле, не можам!

– – – – – –

– Како се викаш?
– Александар.
– На кого си крстен?
– На баба ми Велика.

– – – – – –

Бесен сопруг кон жена си:
– Веќе 14 години постојно ме поправаш за сѐ!
– 15, драги, 15!

– – – – – –

Кафето е многу заразно! Ја поканив жена ми пред 25 години на кафе и уште е кај мене…

– – – – – –

– Жено, ќе ми направиш ли конечно нешто за јадење? Цело сабајле одам гладен.
– Е седни, де.

– – – – – –

Ние Хелоуин не празнуваме. Ние во него живееме.