10 кратки вицови за долго смеење

Има жени, на кои мажите им велат „Мила“ и тие се топат од среќа. Но, има и жени кои на своите мажи им велат „Мили“ и тие одат да мијат.

– – – – – –

Ако уште еднаш ме наречеш “животно”, се разведуваме!
– Добро душо! Нема повеќе!
– Сега одам да одморам малку, затоа што ме болат нозете!
– Предните или задните?

– – – – – –

– Докторе, постојано кашлам
– Некакви билки пробавте ли?
– Пробав. Се кикотам, но пак кашлам.

– – – – – –

Кој има убава жена е среќен, а кој нема… спие мирно!

– – – – – –

Им се чудам на Шкотите, како можат да чекаат вискито да им одлежува по 12, 25, 50 години?! Ние ракијата ја почнуваме уште на казанот.

– – – – – –

– Си го крстив коњот Прпл.
– Никогаш не сум слушнал за коњ со такво име.
– И јас, но многу ми прави мерак кога сега ќе му речам “ДИИ, ПРПЛ!”

– – – – – –

– Колку деца имате?
– Шест. Имаат 12, 11, 10, 9, 8, 7 години. После си купивме телевизор…

– – – – – –

– Која е сличноста помеѓу п*нисот и маглата?
– Ако се крене од сабајле – денот ќе е убав!

– – – – – –

– Брат, жена ми ми е најголемиот душман!
– Зошто бе брат!?
– Ем не ми дава, ем не дава ни друга да ми дава…

– – – – – –

Научниците утврдија дека најбрзото суштество на светот не е гепардот, туку македонскиот пензионер кога ќе види слободна клупа во паркот.