10 кратки вицови за долго викенд смеење
Полицаец запира плавуша за проверка:
– Што носите од зимска опрема?
– Дебели хулахопки.
– – – – – – –
Маж оди на преглед кај психијатар:
– Што работите? – прашува психијатарот.
– Автомеханичар сум.
– Добро, легнете под креветот и опуштете се.
– – – – – – –
– Душо, срцето ми е само за тебе!
– А другите органи?
– – – – – – –
Ако не си ги миеш чиниите по јадење, прашање на време е кога ќе започнеш да ги миеш пред јадење.
– Ергенска мудрост
– – – – – – –
Добриот сопруг треба да ѝ накупи на жена си толку многу алишта, за во шифоњерот да не остане место за љубовник!
– – – – – – –
Разговараат две плавуши. Едната вели:
– Леле Цуци, можам да сфатам штрк да донесе бебе, ама пајак да крене кола… Е, тоа не можам да го поверувам.
– – – – – – –
Кои биле последните зборови кои Исус им ги упатил на Црногорците?
– Не правете ништо додека не се вратам!
– – – – – – –
Жената го остави заради алкохол, а тој го остави алкохолот, затоа што повеќе нема причина да пие.
– – – – – – –
Ѝ помагаш на дама во тешка ситуација и таа започнува:
„Оф, оф, не знам како да ви се заблагодарам…“
Се чудам што е толку тешко и сложено…
– – – – – – –
Пред да се оженам имав 75 кила, а сега сум над 100. Значи сум бил гладен, а не заљубен.
Коментирај анонимно