10 кратки вицови за долго викенд смеење
Кога животот на жената не е сладок дома, таа оди да бара шеќер од комшијата!
– – – – – – –
Само македонските патишта освен лежечки полицајци имаат и лежечки полицајки – дупките на патот.
– – – – – – –
Ќе бесат металец и турбо фолкер.
Ги прашуваат за последна желба.
– Ако може да ми ја пуштите „Кеш, кеш“ – рекол турбашот.
– А мене ако може да ме обесите пред да му ја исполните желбата!
– – – – – – –
Бабата му вели на зетот:
– Не можам да сфатам зошто ќерка ми живее со тебе!
– Сакаш ли да видиш?
– – – – – – –
Кога таа виде знак на излогот попуст 50%, мозокот ѝ се исклучи 100%.
– – – – – – –
Основно правило во секоја куќа: Колку е почесто, толку е почисто.
– – – – – – –
– Тато, празникот на мама веќе помина. А твојот празник кога е?
– Кога мајка ти ја нема дома!
– – – – – – –
– Пејо, какви жени сакаш, плави или црни?
– Туѓи…
– – – – – – –
– Мила, сум ти кажал ли некогаш дека дорбо готвиш?
– Не, никогаш!
– А зошто тогаш продолжуваш да готвиш?
– – – – – – –
Маж оди на доктор и докторот го прашува:
– Датум на последниот полов однос?
Мажот ѝ ѕвони на жена си:
– Кога последен пат го правевме тоа? (Кратка пауза) КАКО МОРИ КОЈ СЕ ЈАВУВА!!!???
Коментирај анонимно