10 кратки вицови за гарнтирано подобрување на расположението

Ако сте над 35 години, живеете во Македонија и не сте постигнале ништо во животот, значи вие сте добар и чесен човек.

– – – – – –

И запомни ќерко, кога ќе се распадне едно семејство, за тоа не е виновен само мажот. Виновни се двајцата – мажот и свекрвата!!!

– – – – – –

Пред неколку дена најдов куфарче со пари. Тргнав да го барам човекот кој го загубил. Одев каде ли не, Париз, Лондон, Дубаи и не го најдов!

– – – – – –

Бев на автосаем. Незаборавно! Детално го разгледав она што никогаш нема да го возам и со кое никогаш нема да си легнам.

– – – – – –

По одењето познавам кој влегува во езерото за задоволство, а кој по работа.

– – – – – –

– Ќе ми го дадеш ли бројот?
– Пишуваш ли?
– Да.
– Пиши „Не!“

– – – – – –

В детството беше лесно – ќе ми падне заб, самовилата ќе ми донесе нов. А сега… 500 евра.

– – – – – –

Јас секогаш одам на летување со жена ми. Така одморот ми изгледа подолг.

– – – – – –

– Какви станаа луѓето во последно време еј!?
– Какви бе, Ѓоре?
– Отидов на гости, на кафе, и третиот ден чувствувам, дека нешто не ми се радуваат…

– – – – – –

На шега му реков на мажот дека кога ќе излезе од бањата, ќе поразговараме за тоа што го најдов во неговиот телефон. Четврти час се капе, кутриот.