10 кратки вицови за инстант подобрување на празничното расположение
Една жена внимателно го слуша својот маж само кога тој зборува на телефон.
– – – – – – –
Во Македонија да имаш проблем со алкохолот значи да ти снема за пиење!
– – – – – – –
Денешниве девојки се опасни – џоинт можат да ти замотаат, ама сарми не!
– – – – – – –
Човек, колку и да е суеверен, никогаш нема да одбие 13-та плата.
– – – – – – –
– Докторе, притисокот ми е низок, што да правам?
– Ожени се!
– – – – – – –
– Драги, ова дете што го донесе од училиште не е наше!
– Па, само тоа беше останато!
– – – – – – –
Маж и жена во кино:
– Миличок, што мислиш дали ќе се венчаат?
– Секако, нели читавме дека филмот е трагедија…
– – – – – – –
– Кој е најбрзиот пат до женското срце?
– Си ослабела!
– – – – – – –
Македонскиот е еден од трите најпопуларни јазици во Италија.
– – – – – – –
– Зошто во Виетнам нема улични кучиња?
– Од истата причина поради која во Македонија нема улични прасиња.
Коментирај анонимно