10 кратки вицови за инстант подобрување на расположението

– Која е разликата меѓу шведска маса и гости кај баба?
– На шведската маса сам решаваш кога си се најал!

– – – – – – –

Само македонски работник може да се врати на работа после боледување, со тен…

– – – – – – –

– Како да извадам возачка дозвола за тенк?
– Вози така бе, кој ќе те запре?

– – – – – – –

Двајца добри другари одат по улицата и наеднаш едниот запира стаписан и вели:
– Лелеее, жена ми и љубовницата доаѓаат наваму! Заедно!
Другиот го погледнал уште позачуден:
– Ајдеее! Јас само што сакав да го кажам истото!

– – – – – – –

Кавалер си, кога за време на с*кс си мислиш кое такси да ѝ го викнеш откако ќе завршите работа.

– – – – – – –

– Колку литри ти е бојлерот?
– 6-7 песни.

– – – – – – –

Жената го кара мажот:
– Добро бе ќе престанеш ли да пиеш веќе еднаш. До толку се правиш камен што лазиш и детето веќе трета година те гледа и не може да прооди од тебе.

– – – – – – –

– Тато, кој го создал светот?
– Светот го создал Господ, сине. Се друго е направено од Кинезите.

– – – – – – –

На фејсбук кај статус на врската, овој мојов напишал „ЗАГАЗИЛ!“

– – – – – – –

Денес ми беше досадно, па отидов во блискиот супермаркет и ги сменив сите бои за коси во кутиите!