10 кратки вицови за инстантна позитивна енергија
Во првите 25 години од животот, забите работат за тебе, а после ти работиш за нив.
– – – – – – –
– Драга, што има за ручек?
– Ништо!
– Па и вчера немаше ништо!?
– Да, зготвив за два дена…
– – – – – – –
Маж му вели на пријателот:
– Зедов кученце за жена ми од еден другар.
– Браво! Добра размена!
– – – – – – –
Во преполнет автобус:
– Бабо, може ли да станете од ова седиште?
– Зошто бе сине, па јас сум стара а ти млад?
– Е добро ајде, не мора да стануваш, јас ќе возам стоејќи!
– – – – – – –
Оженет другар му вели на неженетиот:
– Брат, абе ожени се!
– Зошто?
– Ми скисна да ти ја гледам среќната фаца!
– – – – – – –
Врвот на љубомората:
– Престани да се вртиш лево и десно и да зјапаш.
– Ама преминуваме улица!
– Не ме интересира!
– – – – – – –
– Докторе, вистина ли е дека здравјето не се купува со пари?
– Абе, кој ви ги полни главите со тие глупости?
– – – – – – –
– Како си Пеце?
– Нема живот, брат. Надвор грип, дома – чума.
– – – – – – –
– Каде си роден?
– Во Македонија.
– Кој дел?
– Како кој дел, целиот сум роден во Македонија?!
– – – – – – –
– Бракот ми виси на влакно!
– Какво влакно бе, Зоки?
– Плаво, жена ми го најде на кошулата!
______
Коментирај анонимно