10 кратки вицови за љубителите на ЦРН ХУМОР

Две пријателки си прават муабет:
– Мажот ми почина пет дена по свадбата!
– Па добро, барем не се мачел многу…

– – – – – –

После викенд, Македонија е како кабинет по биологија. Внатре нема луѓе туку само куп тегли со внатрешни органи во алкохол…

– – – – – –

После преглед во болница:
– Докторе, може ли с*кс, пиење, пушење, песни?!!!
– Можете да пеете колку саката!!!

– – – – – –

Умрел маж кај љубовницата. И таа се чуди што да прави. На крај напишала порака на жена му од неговиот телефон:
– Дојди тука, умрев.

– – – – – –

Ми велат многу пишуваш на Фејсбук, ма… Е така е, кога немам пари за психијатар…

– – – – – –

– Кашлате ли?
– Да.
– А кашлицата сува ли е?
– Кашлицата е сува, но гаќите ми се мократ…

– – – – – –

– Тато, зошто кога бродот почнува да тоне, капетанот вика „Прво жените и децата“?
– Затоа што после тоа ајкулите веќе не се гладни, синко!

– – – – – –

Лета анестезиолог на одмор… По некое време стјуардесата објавува:
– Извинете, но случајно да има анестезиолог во авионот? Ако има, итно нека отиде на место број 12!
Оди анестезиологот таму, а на соседното седиште маж става ракија во две чашки.
– Кој сте Вие? – прашува зачудено анестезиологот.
– Седнете, седнете, јас по професија сум хирург и не сум навикнат да пијам без анестезиолог.

– – – – – –

Стариот мечок го учи малото мече:
– Слушај сине. Секогаш го бркаш оној турист со најголем ранец, затоа што најбавно бега!

– – – – – –

– Докторе, лани ме посоветувавте да ја избегнувам влагата заради реумата…
– Подобрување има?!
– О, да! А сега веќе може ли да се искапам?