10 кратки вицови за љубителите на црниот хумор

– Жено, што стави во тортата?
– Тајна, душо, тајна…
– Кажувај веднаш мори глупа, на интензивна сум, докторите прашуваат!!!

– – – – – –

Можеби имате лажни пријатели, но непријателите секогаш ви се вистински!

– – – – – –

– Должен сум да се извинам комшивке. Мислам дека мојата кокошка ви ги исколвала сите домати од градината.
– Не се секирај комши, нема потреба од извинување. Моето куче ја изеде вашата кокошка.
– Е па супер тогаш. Јас пред малку го чукнав со колата…

– – – – – –

– Заедно ќе ја победиме шизофренијата! – си помисливме јас…

– – – – – –

Секоја болест е смртоносна, ако бараш правилно на Гугл.

– – – – – –

Бабата му ѕвони на зетот:
– Се вратив, а дома мириса на плин… Се плашам.
– Ако паничиш ништо не правиш. Прво седни, запали една цигара, смири се.

– – – – – –

Докторот му вели на пациентот:
– За жал, деновите ви се изброени… Од утре повторно тргнувате на работа!

– – – – – –

Се сретнале две стари пријателки:
– Мажот ми почина пет дена по свадбата.
– Добро де, барем не се мачел долго…

– – – – – –

Животот е краток… потрпете уште малку…

– – – – – –

Во право се тие кои велат дека ловот е спорт. Особено кога ќе ги потрошиш патроните, а мечката е сѐ уште жива…