10 кратки вицови за љубителите на црниот хумор

– Тато, ти не пиеш, не пушиш, не се дрогираш! Од што ќе умреш?
– Од мајка ти, сине!

– – – – – –

– Зошто се разделивте со сопругот?
– А ти дали би издржала да живееш со човек, кој пие, пуши, те навредува и те тепа?
– Не.
– И тој не издржа.

– – – – – –

– Маре, што ти се случило со лицето?
– Оса ми застана.
– Те касна ли?
– Не успеа. Маж ми ја отепа со лопатата…

– – – – – –

Пар лежи после с*кс. Девојката:
– Срцка, кажи ми нешто, што никогаш нема да го заборавам!
– Дедо ми умре на овој кауч…

– – – – – –

Знаете ли како македонските доктори трупаат искуство?
Труп, труп, труп…

– – – – – –

Крокодил седи на врвот на дрво од 15 метри и си мисли:
– Повеќе никогаш нема да јадам наркомани!

– – – – – –

– Хахаха…
– Хахахахаха…
– Хахахахахахаха…
(двајца што пелтечат се обидуваат да си нарачаат хамбургер)

– – – – – –

Вести на ТВ:
„Владата реши да ја покачи акцизата на алкохолот, што ќе предизвика раст на цената за 30%.“
Синот радосно:
– Тато, нели ти сега помалку ќе пиеш?
– Не сине, сега ти помалку ќе јадеш.

– – – – – –

Тестаментот на принц Чарлс:
– И оставам сѐ на мама!

– – – – – –

– Душо, да си ми ја видела желката? Ја нема во аквариумот.
– А, надвор е со децата. Кршат ореви…