10 кратки вицови за љубителите на црниот хумор

– Давид, кај вас Евреите сега е 5780 година, нели?
– Да.
– Можеш ли да ми кажеш како завршува 2020 година?

– – – – – –

После долго чекање докторот да каже некаков резултат, мажот најпосле решава да го праша докторот:
– Какви се резултатите докторе? Ќе имаме ли деца со жена ми?
– Се разбира господине, само ако не сте љубоморен!

– – – – – –

Додека со го чистев увото со шрафцигер, исчезна звукот од телевизорот. Од што може да е?

– – – – – –

– Тодоре, јас кивогледа ли сум?
– Глупости, кривогледа била. Едноставно едното око ти е толку убаво што другото гледа накај него!

– – – – – –

Кога маркетинг менаџер ќе отиде во пеколот, ѓаволите го набиваат на кол со должина од „САМО 99,99 см.“

– – – – – –

Сине, запомни, опасно е да го ставаш прстот во штекер, машина за мелење месо и венчален прстен.

– – – – – –

Предлагам, кога на крај на годината ќе дојде Дедо Мраз, да го претепаме за тоа што ни го донесе во 2020…

– – – – – –

Полицаецот испрашува жена, жртва на насилство:
– Можете ли да го опишете мажот кој ве истепа?
– Баш тоа и го правев кога тој скокна да ме тепа.

– – – – – –

Човек влегува во такси и таксистот го предупредува:
– Извинете за миризбата, го дезинфицирам целото возило после секој патник, заради Ковид-19.
– Ништо, ништо, нема проблем, јас секако веќе два дена не чувствувам ни мирис ни вкус.

– – – – – –

И Чак Норис фатил ковид-19, но потоа решил да го пушти. Сега ковид-19 е во карантин 14 дена.