10 кратки вицови за љубителите на црниот хумор

– Драги, овој пешак е луд! Веќе 5 минути трча пред колата…
– Пробај да слезеш од тротоарот душо!

– – – – – – –

Двајца бродоломци со последни сили допливуваат на брегот на еден остров.
– Земја, земја!
Од грмушките се слуша:
– Месо, месо!

– – – – – – –

Има три вида на луѓе:
– Такви, коишто ќе ви помогнат во тешки времиња
– Такви, коишто ќе ве остават во тешки времиња
– Такви, коишто ќе ве доведат до тешки времиња

– – – – – – –

– Авраме, ме заболе главата од мислење и никако да се решам. Свадба на едно место, погреб на друго и тоа во еден ден. Каде да одиме?
– На погребот.
– Зошто?
– Се е исто, само подароци нема да купуваме.

– – – – – – –

Младо момче пазарува во супермаркет и на касата става 3 банани, 6 јајца и сок од праска. Касиерката:
– Ауу, момче, ти изгледа не си во врска.
– Па да, госпоѓо, а како познавте?
– Па не си некој лепотан!

– – – – – – –

Разговараат две колешки на работа:
– Ама огрознела таа, да ти е мерак да ја гледаш!

– – – – – – –

– Од сите мои школски, само Сашо остана во Македонија.
– Браво за него, патриот! Со што се занимава?
– Во затвор е…

– – – – – – –

Барменот му вели на келнерот:
– Заборави ги навиките од старото работно место! Престани да ги исфрлаш пијаните клиенти! Забораваш ли дека сме во вагон-ресторан?!

– – – – – – –

Да си грда си има и своите предности – батеријата на телефонот ти издржува цела недела…

– – – – – – –

Вестите денес:
Луд манијак потурил со силен отров купчиња пари и ги донирал за сирачињата во Македонија. Како резултат на тоа загинале 20 пратеници, 3 градоначалници и 12 општински советници. Настрадани деца нема.