10 кратки вицови за одлично викенд расположение

Маж влегува во продавница за да купи подарок за 8 Март. Продавачката го прашува:
– За жена Ви… или нешто поскапо?

– – – – – – –

Ништо не ги развива организациските вештини на мажот како две љубовници.

– – – – – – –

Добрите мажи се како црви – само што ќе се појават, и оп, некоја кокошка ќе ги лапне…

– – – – – – –

– Многу воспитано дете имаш! Колку има?
– Два шамари и три дена без телефон.

– – – – – – –

Плавуша оди на доктор:
– Докторе, ме касна змија!
– Каде ве касна?
– Таму, зад трафостаницата!
– Не не, за што точно ве касна?
– Епа така, без причина!

– – – – – – –

– Госпоѓице, кога се насмевнувате, во мене се појавува голема желба да Ве поканам кај мене!
– Аууу… голем Дон Жуан сте Вие…
– Што зборувате? Стоматолог сум…

– – – – – – –

Навистина постои родова дискриминација! Ако маж лета, тој е Супермен. Ако жена лета – таа е вештерка…

– – – – – – –

Социолошко истражување:
– 85% од жените сметаат дека нивниот задник е премногу дебел.
– 10% го сметаат за премногу слаб.
– А само секоја дваесетта жена мисли дека задникот ѝ е сосема во ред и е среќна што се омажила за него…

– – – – – – –

Во минатото:
– Јас мислам, значи постојам.
Сега:
– Јас мислам, значи ми падна интернетот.

– – – – – – –

– Ало, се јавувам само да ви кажам дека ве сакам!
– Господине, го згрешивте бројот! Се јавувате во АД Пивара Скопје…
– Знам!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *