10 кратки вицови за подгревање на новогодишното расположение

Конечно и јас можам да кажам: Толку пари имам, што можам да не работам до крајот на годината.

– – – – – –

Чисто да знаете: Индијанец и жена почнат ли да се шминкаат, голем лов ќе падне…

– – – – – –

Малечко девојче му пишува писмо на Дедо Мраз:
„Испрати ми сестричка“
Дедо Мраз му одговара:
„Испрати ми ја мајка ти“

– – – – – –

Цело основно ги учите малите девојчиња да веруваат во Дедо Мраз, а после се чудите зошто сакаат дебели чичковци, кои им даваат подароци.

– – – – – –

– Што е заедничко меѓу менструацијата и Дедо Мраз?
– Ако не слушаш, не доаѓаат!

– – – – – –

– Ќерко, памтиш ли кога ти кажав дека Дедо Мраз не постои?
– Памтам.
– Сега имаш 30 години и ќе разговараме за Принцот на бел коњ и за Пепелашка…

– – – – – –

Дедо Мраз оди на психијатар и вели:
– Не верувам во себе.

– – – – – –

Возрасните со потсмев гледаат на децата кои што веруваат во Дедо Мраз. А тие, возрасните, скоро секоја година одат да гласаат!

– – – – – –

Драг Дедо Мраз, пак ти пишувам дека сакам тенка половина и дебел паричник, само внимавај да не ги измешаш како лани!

– – – – – –

Драг Дедо Мраз, во новата 2021 година сакам да им дадеш на сите македонски пратеници, како нашите плати!