10 кратки вицови за полнење на батериите со позитивна енергија

Дури и да не знаеш кој ја напишал „Црвенкапа“, лесно се познава дека тоа не е македонска приказна. Кај нас со баница не одиш кај баба, туку се враќаш од кај неа!

– – – – – –

Првите три дeнa од татковството се незаборавни!!! Потоа ја пуштаат жена ти од болница!!!

– – – – – –

Сакам да ја изненадам жената. Некој знае ли колку време се вари таратурот?

– – – – – –

Толку сум стар, што го паметам времето кога во колбасите имаше месо!

– – – – – –

Таман ќе почнеш да си го средуваш личниот живот, и оп жената те среќава на улица!

– – – – – –

– Ме сака, не ме сака… Ме сака, не ме сака…
– Што правиш?
– Ааа ништо, бришам луѓе од Фејсбук!

– – – – – –

Во срце и тоалет се влегува само ако е слободно. Затоа јас секогаш прво чукам.

– – – – – –

Кој многу работи, прави грешки, кој не работи не прави грешки. А кој не прави грешки, добива покачување.

– – – – – –

Мажот ми ја прекопа градината, ги смени ќерамидите на покривот, ископа длабок бунар во дворот. А јас си мислев дека Виаграта што му ја подметнав е за друго!