10 кратки вицови за полнење на батериите со позитивна енергија

– Драги, имам добра и лоша вест.
– Почни со добрата.
– Ќе ни дадат попуст во автосервисот!

– – – – – –

За добриот љубовник, шифоњерите секогаш се отворени!

– – – – – –

Жената се враќа дома и го наоѓа мажот во кревет со друга.
Мажот во паника:
– Душо брзо, помош, викај полиција, ме силуваат!

– – – – – –

Жена ми е страшно организиран човек. Денес е понеделник и ми даде список со сите кавги за оваа недела.

– – – – – –

Разликата меѓу нервозна жена и терорист е во тоа што со терористот можеш барем да преговараш.

– – – – – –

Социолошко испитување: 9 од 10 мажи се согласуваат дека нивните жени се секогаш во право. Забелешка: Десетиот исчезна после испитувањето.

– – – – – –

Во срце и во тоалет се влегува само ако е слободно. Затоа јас чукам прво.

– – – – – –

По избори и по свадба, ретко го добиваш она што си го сакал!

– – – – – –

– Зоки, трудна сум, ти си таткото!
– Сериозно ли?
– Не бе, денес е 1 април. Априлили!
– Значи, не си трудна.
– Значи, не ти не си таткото.

– – – – – –

– Кире, зошто пиеш уште од сабајле бе?
– За да сум убав бе брат! Секоја вечер кога ќе се вратам дома, мојата ми вели „Ајде, мојот лепотан пак се врати!“