10 кратки вицови за поведар викенд

Изнервирана сопругата го буди својот маж среде ноќ:
– Вчера оставив две шишиња пиво во фрижидерот, за гостите што ќе ни дојдат утре. Зошто сега има само едно?
– Затоа што не сум го видел…

– – – – – – –

Зад секој голем маж што постигнал многу и сè му е јасно во животот, седи патник во таксито!

– – – – – – –

Никогаш не клекнувај на едно колено заради жена, која не би клекнала на две заради тебе!

– – – – – – –

Во Македонија никој не умира невин. Животот кога тогаш ќе ни го нач*ка на сите!

– – – – – – –

Проблемот со денешните млади е што никогаш не играче Тетрис. Нас постарите Тетрисот не научи дека треба да го ставаш таму каде што можеш, а не каде што сакаш.

– – – – – – –

Снегот паѓа 3 минути, или како што велат мажите „цела ноќ“!

– – – – – – –

– Мажу, доаѓа зима… Птичките летаат на југ, а зајчињата си ги менат кожувлињата.
– И што?
– Јас што сум за тебе – зајче или птичка?

– – – – – – –

– Келнер, во оваа салата од ракчиња нема ракчиња!
– Е добро де, во грчката да не има Грци случајно?

– – – – – – –

Седи един човек високо во гранките на едно дрво. Поминува еден од долу, го гледа и го прашува:
– Крила от Редбул?
– Не, страв од питбул…

– – – – – – –

Влегувам во зградата, целиот влез корне на кисела зелка. Добрата вест е што го осеќам тоа!