10 кратки вицови за повесел викенд
Кога тргнував на службен пат, на мајтап ѝ реков на жената дека сум поставил скриена камера во спалната. Се враќам, а масата во кујната скршена. Сигурно многу готвела кутрата!
– – – – – – –
Учителката:
– Петар, зошто лажеш, знаеш ли што ќе бидат децата што лажат!?!
А тој:
– Пратеници или министри, учителке!
– – – – – – –
Првиот училишен ден.
Средношколец држи пенкало во раката и го прашува другарот што седи до него:
– Брат, каде се менуваше на кирилица?
– – – – – – –
Ако сакав да се самоубијам, ќе скокнев од висина на твоето его, на нивото на твојот интелект.
– – – – – – –
Жена без гради е како село без основно училиште. Нема од каде да почнеш…
– – – – – – –
– Кој ти е омилениот предмет?
– Точакот!
– Не, прашувам во училиште?
– Сандвичот!
– – – – – – –
Како да му објасниш на дете, кое нашло ремче и синџир во спалната, дека кученце нема да има?
– – – – – – –
Треба да престанам! Или да јадам… или да се мерам!
– – – – – – –
Прочитав некаде дека за вистинска диета, треба да знаеш да кажеш НЕ. И почнав да го применувам тоа. На пример вчера:
– Сакаш ли парче пица?
– Не, сакам две парчиња пица и пиво.
– – – – – – –
Мечтата на секоја европска свекрва… Снаата да е жена!