10 кратки вицови за повесел ден

Тоа кое што цел свет го нарекува криза, во Македонија се нарекува стсбилност!

– – – – – –

Св. Валентин. Жената мисли дека сум со љубовницата! Љубовницата мисли дека сум со жената! А јас си славам Трифун со другарите!

– – – – – –

– Зборувате ли додека спиете?
– Кога јас зборувам, обично другите спијат. Професор сум по историја.

– – – – – –

Тешко наоѓаат работа жените! Сите бараат: 20 годишни, со два факултети, три јазици, 30 години стаж и пораснати деца!

– – – – – –

Има добри суштества, кои што ги сакаат сите луѓе, без да ги делат по религија и боја на кожата. Се викаат крокодили.

– – – – – –

– Душо, многу ти се променила физиономијата.
– Во моментов правиме “69” бе, пијандуро!

– – – – – –

– Мажу, знаеш ли од кога не сме воделе љубов!?
– Ете, пак почнуваш! Зошто секогаш се фаќаш за нешта од пред пет години!

– – – – – –

Во животот абсолутно не е важно дали пливаш по или спроти течението. Важното е да пливаш со јахта!

– – – – – –

Додека бараш жена која што готви како мајка ти, наоѓаш некоја која што пие како татко ти.

– – – – – –

Во Англија ѕвончето ѕвони:
– Кој е?
– Елтон.
Во Франција ѕвончето ѕвони:
– Кој е?
– Пјер.
Во Германија ѕвончето ѕвони:
– Кој е?
– Хелмут.
Во Шпанија ѕвончето ѕвони:
– Кој е?
– Мигел.
Во Македонија ѕвончето ѕвони:
– Кој е?
– Јас сум.