10 кратки вицови за повесел ден

Накратко за лeтото 2020: Птиците такво бесмислено патување од југ немале до сега.

– – – – – – –

Само жените го пренесуваат вирусот. Каде сте виделе маж со температура да шета по улица, тие лежат дома и „умираат“.

– – – – – – –

Паметниот сопруг кога тргнува на одмор прави 5 круга на кружниот тек. За тоа време на жената и на децата ќе им текне што заборавиле.

– – – – – – –

Докторите ми забранија да пијам ракија. После месец дена на вода, млеко и сокчиња, сега ми е совршено јасно зошто сите бебиња плачат.

– – – – – – –

Додека не слушнав што зборуваат за мене, не знаев дека живеам толку интересен живот.

– – – – – – –

– Имаш ли проблем со алкохолот?
– Не! Си имам сопствен казан, сам си го варам!

– – – – – – –

Зад секое воспитано дете, стои една среќна и насмеана мајка, која дома вреска на цел глас и пие дијазепам.

– – – – – – –

Студент на испит. Пофесорот прашува:
– Колега, кажете ми во каква форма водата придобива најголема сила?
– Во форма на женски солзи, професоре…

– – – – – – –

Да ве прашам нешто. Ако психијатарот ми каже дека веќе ништо не може да направи, тоа значи дека сум излекуван, нели?

– – – – – – –

– Попе, дојдов да се исповедам. Вчера претепав еден политичар.
– Признавај ги само гревовите синко, не и добрините.