10 кратки вицови за повесел ден

Кога Македонецот чека во редот, тој не се радува затоа што редот пред него се намалува, туку затоа што редот зад него се зголемува.

– – – – – – –

Брачен пар патува со автомобил. Вози жената. По некое време се приближуваат до камион кој се движи бавно и жената прашува:
– Што да правам сега?
– Не знаеш, а? А, кога јас возам, секогаш знаеш!!!

– – – – – – –

Машка исповед:
– Мојата жена е мојата сила! Другите жени се мојата слабост!

– – – – – – –

Луѓето ќе отидат на море и се вљубуваат, а јас кога ќе отидам, сè сум гладен и жеден.

– – – – – – –

Пред 4-5 месеца оставив една мотика во дворот. И до ден днешен никој не ја украде. Мрзлив народ, еееј… Мрзлив…

– – – – – – –

Има два вида на жени:
– Што е добро облечена…
– Добро што е облечена…

– – – – – – –

Маж доаѓа на состанок на слепо точно на време и врти на телефон:
– Ало, како да те препознаам?
– Ќе задоцнам два часа.

– – – – – – –

Љубов е, кога детето ќе ти ја истури ракијата, а жена ти ќе го наплеска!

– – – – – – –

– Слушам дека си се оженил! Честито! И како е, среќен ли си?
– Жена ми вели дека да.

– – – – – – –

– Попе, згрешив!
– На оваа жега ли ма? Ти не си нормална!