10 кратки вицови за повесел ден

Една жена го чeкала, го чeкала, го чeкала принцот на белиот коњ и… на крај поштарот и ја донел пензијата!

– – – – – – –

Кога една жена ти каже дека ти си „најдобриот“, биди сигурен дека си учесник во натпревар.

– – – – – – –

За да може еден маж да задржи жена, треба од панталоните, паричникот и главата, барем едно да му е полно!

– – – – – – –

– Миличок, нели денес требаше да ми дадеш пари да си го купам кожното палто?
– Не можам. Главата ме боли.

– – – – – – –

Разговараат двајца познаници.
– Се враќам сношти дома, го отворам шифоњерот, а внатре гол маж!?
– Е добро де, се случува!
– Што да се случува бе, јас немам жена!?

– – – – – – –

Две чашки си правеле муабет, едната за кафе а другата за ракија. Таа за кафе рекла:
– Јас сум поубава…
Ракиената:
– Џабе ти е убавината, кога никој не се чука со тебе!

– – – – – – –

Тоj:
– Сама ли си вечер?
Таа:
– Дааа…
Тој:
– Да си ја заклучиш вратата.

– – – – – – –

Во наше време на училиште немаше час по с*ксологија. Што ќе наушиш на летниот распуст, тоа е…

– – – – – – –

Од женски форум:
– Пред 1 месец раскинавме со дечко ми и многу ми недостига. Денеска јадев банана и се расплакав.

– – – – – – –

Проект менаџер – човек, кој е убеден дека девет жени можат да родат бебе за еден месец.