10 кратки вицови за повесел ден

Во летото има два степени на компетентност на македонската јавна администрација:
1. О, не знам, од утре одам на одмор…
2. О, не знам, до вчера бев на одмор…

– – – – – –

Банката ми помогна повторно да застанам на нозе! Ми ја зеде колата!

– – – – – –

При дресирањето на мачка, главно е да се правите дека вие сте ѝ ја дале точно таа команда, која што ја исполнува! Истото е и со жените!

– – – – – –

Според социолошките испитувања има 2 основни причини мажот да седи по цел ден во кафана:
1. Не е женет.
2. Женет е.

– – – – – –

– Мамо, моите гради се најголеми во одделението.
– Ќерко, не е лошо да се фатиш малку и за книгата, веќе 3-та година си 7-мо одделение.

– – – – – –

Паметната жена си избира таков „зајко“, на кого и морковчето му е убаво, и зелката му е во ред.

– – – – – –

Дојде време кога им се забранува на паметните да мислат, за да не ги навредат чувствата на глупите!

– – – – – –

Тој:
– Сама ли си вечерва?
Таа:
– Дааа…
Тој:
– Да ја заклучиш убаво вратата!

– – – – – –

– Кажете ми докторе, многу ли е штетно да пиеш по една чашка пред јадене???
– Во принцип не, но вие изгледа многу често јадете…

– – – – – –

За напредни математичари:
– Лазар има 69 години, а неговата девојка има 19 години. Колку пари има Лазар?