10 кратки вицови за повесел празничен ден

Македонските работодавачи изјавија дека на пазарот недостигаат високо квалификувани, ниско платени кадри!

– – – – – – –

Интервју со кинески турист:
– Ви се допаѓа ли Скопје?
– О, да! Многу мирен и тивок град.

– – – – – – –

– Жено, тури една ракија!
– Јоване, осум на сабајле е?!
– Добро ма, стави малку мусли внатре!

– – – – – – –

Жените се како зимата… ако немаш пари, се ладни!

– – – – – – –

Ако продолжиме вака, таква криза ќе настапи во Македонија, што дури и политичарите ќе си брцнат во сопствените џебови.

– – – – – – –

– Брат, се заљубив во една БЕЗУМНО УБАВА девојка.
– Прецизирај.
– Што да прецизирам? Без ум, но убава.

– – – – – – –

Во српски ресторан:
– Ние сме вегани. Не јадеме производи од животни. Што е најдобро да порачаме?
– Такси!

– – – – – – –

Вчеравечер му се јавувам на љубовникот, а одговара жена му. Мораше да импровизирам. Одвај ја убедив да премине на Телеком.

– – – – – – –

– Лука, зошто си зел чадор, зимска капа и очила за сонце денес?
– Абе Михаил, ти како никогаш да не си спиел кај баба ти…

– – – – – – –

Бабата ѝ вели на компивката:
– Еее Стојанке, многу напредна медицината денес. Кога имав 20 години, по пет пати се соблекував пред докторот додека да разбере што ми е. А сега уште од вратата ми вели: „Покажи ми го само јазикот!“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *