10 кратки вицови за повесел празничен ден

А бе, интересен народ… Дрва немаат на снег се радуваат…

– – – – – –

Какво време дојде, жените се молат синовите да не им фатат девојки како нив, мажите се молат ќерките да не им фатат дечковци како нив.

– – – – – –

Според последното истражување, 40% од Македонците посегнуват по чашката. И точно е. Останатите 60% пиеме директно од шишето.

– – – – – –

Најдов куферче полно со пари. Решив да му го вратам на сопственикот. Го барав насекаде, во Рим, Барселона, Лондон, Париз и уште не го најдов!

– – – – – –

Жестока семејна кавга.
Таа:
– Подобро да се омажев за Ѓаволот.
Тој:
– А, не може, по закон е забранет брак со блиски роднини.

– – – – – –

Плавуша на интервју:
– Вашето ниво на францускиот?
– До крајниците!
– Примена сте!

– – – – – –

„Ако тато Џепето го свртеше дрвото наопаку, животот ќе ми беше многу поубав“ – си мислеше Пинокио, гледајќи се во огледалото.

– – – – – –

Никогаш не тврдете дека добро си ги познавате роднините и пријателите, ако не сте делеле наследство со нив и не сте им барале пари на заем!

– – – – – –

Кога и да ги гледам македонските политчари, во главата секогаш ми се поставува едно и исто прашање:
– Од толку милиони сперматозоиди, немаше ли некој понормален, мајка му стара?

– – – – – –

– Твојата кола пали ли на -20 степени?
– Не знам брат, мојата на -20 не се ни отвора.