10 кратки вицови за повесел празничен ден

Најдов куфарче полно со пари! Бидејќи сум чесен човек, тргнав да барам кој го изгубил! Барав насекаде, Лондон, Париз, Рим, Барселона, Дубаи, Малдивите… Никаде не го најдов сопственикот!

– – – – – – –

Деца, обратете внимание дека мама и тато велат „кога бевме мали, не правевме така“, само кога баба и дедо не се наоколу.

– – – – – – –

Табла пред кафана:
– Имаме пиво! Студено како бившата ти! Горчиво како баба ти! Вкусно како бакнежот на комшивката!

– – – – – – –

Има два вида на мажи – тие, коишто можат да однесат фрижидер до 5-тиот кат и тие, коишто можат да платат за тоа.

– – – – – – –

Од архивите на МВР:
„Југото малку ја гребнало бојата на Мерцедесот. Возачот на Југото починал на лице место.“

– – – – – – –

Умрел един цариник. Свети Петар го прашува:
– Каде сакаш да те пратам? Во рајот или во пеколот?
– А може ли некаде на границата меѓу нив?

– – – – – – –

– Што кружиш така нервозно?
– Гледај како врне, а жена ми е без чадор!
– Е, ама ја жалиш, голема работа, ќе влезе во некој трговски!
– А јас за што сум нервозен!?

– – – – – – –

Жената не знае што ѝ фали, додека не дојде другарка ѝ на кафе да ѝ се пофали со нешто.

– – – – – – –

– Како сум поубава, со обетки или без?
– За да си поубава, треба прво да си била убава!

– – – – – – –

Денес најдов 20-годишна дадилка за нашето бебе. Се пазаривме, но сега имам 2 проблеми:
1. Како да ѝ кажам на жена ми?
2. Од каде да најдам бебе?