10 кратки вицови за повесел празничен ден
– Ристовски му подава на Елмаз, Елмаз на Барди, Барди се мести за шут, страшен шут но многу непрецизен, топката лета кон коментаторската кабина. Шледува шамена во шоштавот на гоштите.
– – – – – – –
– Душо, дали би ми простила едно изневерување?
– Ааа, не!
– Ејјј значи иста си како жена ми!
– – – – – – –
Ништо не трае толку кратко, како жена што решила да трае!
– – – – – – –
Годината – Нова. Цените – Нови. Даноците – Нови. Владата – Нова. Платата – Стара. Да ти се плукнам во к’сметот!
– – – – – – –
Со тек на годините животот станува полесен. Помалку заби за миење. Помалку коса за чешлање.
– – – – – – –
Во новата година решив да пијам само во деновите коишто започнуваат на буквата „П“. Во „Понеделник“, „Па вторник“, „Па среда“…
– – – – – – –
Само паметниот човек е способен на различни глупости. Глупавиот нема мозок за да му текнат!
– – – – – – –
Тројца пријатели си пијат и си прават муабет:
– Јас спијам со жена ми еднаш месечно – вели првиот.
– А јас два пати месечно – вели вториот.
– Јас пак еднаш неделно – вели третиот.
– Како бе еднаш неделно, па ти не си ни женет? – го прекинува првиот.
– Оф, јас мислев зборуваме за твојата жена.
– – – – – – –
Таму некаде има некој пар, којшто го спомнува твоето име на секоја кавга.
– – – – – – –
Мало девојче гледа еден полицаец на улица и му вели:
– Чичко, сакаш ли да ти кажам еден виц за полицајци?
– Да, но ти знаеш ли дека и јас сум полицаец?
– Нема проблем, ќе ти го кажам два пати!