10 кратки вицови за повесел празничен ден

– Бабо ти што претпочиташ – локум или млад маж?
– Оф чедо, од каде кај мене заби за тој локум.

– – – – – – –

Жената му раскажува на мажот случка со цел да предизвика љубомора кај него:
– Замисли си денес, двајца кавалери, меѓу другото и доста симпатични, истовремено ми отрстапија место во автобусот.
– Зошто, едно седиште не ли ти стигна?

– – – – – – –

– Зошто плавушите го отвораат млекото уште во продавница?
– Затоа што пишува отвори тука?

– – – – – – –

Само да ги затвориш очите, откако си го исклучил алармот е многу опасна игра!

– – – – – – –

– Ќерко, каде беше?
– Си игравме со Зоки доктор.
– Не ли ти е срам?!
– Смири се мамо! Тој беше доктор од државна болница и воопшто не ме ни погледна!

– – – – – – –

Како маж разговара со жена си на телефон:
– Добро.
– Добро.
– Добро.
– Добро.
– Добро.
– Добро.
– Добро.
– Добро.
– Чао.
– Доооброоо.
– Добро…

– – – – – – –

Тој ја соблече со поглед, се исплаши и пак ја облече…

– – – – – – –

– Што правиш бе, нали докторот ти дозволи да пиеш само по 100 грама на ден?!
– Тоа и правам. Сега пијам за 17 август 2023 година.

– – – – – – –

Во супермаркет:
– Извинете, денес имате ли нови промоции?
– Да! Ево овие производи не се поскапени…

– – – – – – –

Накратко за 69 во брак:
– Во 6 стануваш, в 9 легнуваш!