10 кратки вицови за повесел празничен ден

Жената влегува со љубовникот во хотел, а во тоа време од таму излегува мажот со љубовницата. Жената брзо:
– Аха, те фатив на дело! Еве си водам и сведок!

– – – – – – –

– Тато, како се запознавте со мама?
– Јас тогаш возев такси, а таа немаше пари да си плати…

– – – – – – –

– Шефе, денес се отепав од работа.
– Докажи.
– Имам 88% батерија!

– – – – – – –

Која е најнезависната професиај?
– Говедар!
– А зошто?
– Затоа што ти им наредуваш на разни говеда што да прават, а не како во другите професии – разни говеда ти наредуваат тебе!

– – – – – – –

После 20 години брак:
– Драги, јас никогаш нема да те оставам…
– Знам, се помирив со тоа…

– – – – – – –

Само многу талантиран гинеколог може да ја извади Македонија од таму каде што е.

– – – – – – –

2025 година. Бензинот е 500 денари за литар. Состанок во голема фирма. Влегува задишан полицаец:
– Кој си го оставил коњот на сред пат? Кочијата на „Брзата помош“ не може да помине!

– – – – – – –

Кога ќерката има 17. Родителите: „Само да не си најде некој глупак!“
Кога ќерката има 30. Родителите: „Само да си најде некој глупак!“

– – – – – – –

Македонски политичар на митинг:
– Драги сограѓани, од наредната година ние ќе живееме подобро!
Глас од публиката:
– А ние?

– – – – – – –

Вчера фати невреме, дуваше, корнеше, громови и молњи околу 3-4 минути или како што велат мажите – цела ноќ!